Дете е првата жртва во силниот земјотрес кој денеска во 12:20 часот ја погоди Хрватска. Како што пренесува „Јутарњи лист“, врз детето паднало шут и загинало на лице место. Трагедијата се случила во епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,3 степени во областа Петриње.
Според репортерите од хрватскиот весник, во лоша состојба е и мајката на загинатото дете, која е во шок.
Срушени се голем број на станбени, но и оптшински куќи и згради, уништени се автомобили, улици…. Сè уште нема број на повредени или загинати лица. Граѓани се извлекуваат од урнатите, а на улица се екипи на Брза помош, Пожарна, полиција, војска…
Медиумите јавуваат дека е драматично во Загреб.
Земјотресот беше почувствуван во Србија и Босна и Херцеговина – се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.