Осврнувајќи се на одлуката на Европскиот совет да не им биде овозможен старт на преговорите на нашата земја и на Албанија, премиерот во заминување Заев оцени дека таа имаше силно негативно влијание во целиот регион, потенцирајќи дека сепак тоа не смее да влијае на мотивацијата за трансформацијата на општествата во земјите на Западен Балкан и дека реформите и промените согласно европските стандарди треба да добијат уште поголема динамика.
– Пред неколку години тешко седнувавме на маса, а сега покренуваме заеднички иницијативи, соработуваме, си помагаме и се изградија видливи пријателства. Тоа го правиме преку Берлинскиот процес и Регионалната економска област. Но, тоа го правиме и преку процесот за напредна регионална соработка која ја инициравме со (српскиот) претседател Вучиќ и (албанскиот) премиер Рама. Направивме искрена и корисна иницијатива отворена за сите од регионот. Низ дијалог, пријателство, низ соработка, со шанса за младите ќе ги забрзаме развојните процеси во овој дел на Европа интерес на младите, нагласи премиерот Заев на завршната пленарна сесија „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.