Селфи со Претседателот! Вучиќ Македонците го застануваат на улица! Креваат три прста и го поздравуваат од кафулиња: Добродојдовте претседателе – е еден од насловите во српските медиуми по денешната прошетка на Александар Вучиќ низ Скопје.
-Луѓето се фини и љубезни, Македонците и Србите се сакаат – изјавил Вучиќ.
Вучиќ заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, премиерот на Албанија, Еди Рама и скопскиот градоначалник Петре Шилегов прошетаа низ центарот на градот и седнаа на кафе на Плоштдот. Заев имаше можност да им го покаже на своите гости Скопје 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.