Претседателот на Владата  Зоран Заев, вечерва, во завршницата на својата дводневна работна посета на Атина, се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза, Алексис Ципрас.

На средбата беше истакнато дека Република Грција и во европските интеграции на нашата земја останува силен партнер, поддржувач и лобист за успешна завршница на овој процес.

Договорот од Преспа, беше речено на средбата, не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји.

Особено значајно е што во претстојниот период се очекуваат значајни политички одлуки за олеснување на иницијативите на бизнис заедниците меѓу двете земји како што се договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите.

На средбата двајцата соговорници се согласија дека после две години од Договорот од Преспа, конструктивните опоненти на договорот во двете земји прифатија дека станува збор за историски договор од огромно значење за иднината на народите на двете земји



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.