Во Бугарија од денеска до 22 јули ќе се одржи меѓународна воена вежба „Тракиска ѕвезда 2021“ на која ќе учествуваат воздухопловните сили на Бугарија, Грција, Романија и САД.

Бугарската национална телевизија соопшти дека целта на вежбата е бугарското Воено воздухопловство да ја усоврши својата подготвеност за заеднички воздушни операции со изведување напади врз објекти заштитени од групата за противвоздушна одбрана (ПВО) и да изврши борбени задачи за пребарување и спасување на паднат пилот на непријателска територија.

Ова е прва меѓународна вежба во Бугарија, во која учествуваат пилоти и опрема на бугарското Воено воздухопловство, по инцидентот со МиГ-29, што се случи на почетокот на јуни. Според командантот на екипажот на хеликоптерот „Ми-24“, мајор Христо Валев, целите на вежбата се со различни сценарија. Генерално, се изведува сценарио во кое едната страна напаѓа, а другата ја прикрива и брани својата територија.

Дел од учеството на Бугарија во вежбата ја вклучува и хеликоптерската авијација, бидејќи целта на вежбата е евакуација на катапултиран пилот со подршка на транспортниот хеликоптер од борбената група „Пума“. Потрагата ќе биде извршена од бугарскиот хеликоптер „АС 532 Пума“ и заедничко спасување со „Ми-24“, како и од нивни колеги од американските и грчките воздушни сили со авиони ловци „Ф-16“’.

Оваа вежба претставува заедничка мисија за тренинг, а бугарската Воено воздухопловна база „Граф Игнатиево“ ќе го обезбеди воздушното водење на летовите за време на заедничката вежба „Тракиска ѕвезда 2021“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.