Враќање на полицискиот час и забрана за групирање на повеќе од пет лица се дел од мерките кои претседателот на Србија Александар Вучиќ ги најави на денешното вонредно обраќање до нацијата поради сè поголемиот број на нови случаи на коронавирус.
Додаде и дека за да се избегне уште полоша ситуација од сегашната, воведува задолжителна вакцинација против грип.
Мораме да го избегнеме судирот на короната и грипот, што значи ќе мора да вакцинираме повеќе од два милиони граѓани против грипот. Таа вакцина е задолжителна за војската, полицијата, шалтерските службеници, пензионерите, децата од 3 до 12 години и дите хронично болни лица. Очекуваме дека најтешкиот бран на коронавирус ќе биде околу 1 ноември. Пред тоа веќе ќе тргне грипот, затоа мора да го избегнеме мешањето по секоја цена, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.