Инспекторатот за заштита на животната средина го забрани капењето на плажата Доње Чело на островот Колочеп во близина на Дубровник, поради незадоволителни микробиолошки параметри, според Индекс хр.

Вчера инспекцијата изврши инспекциски надзор во Дубровник по повод пријавувањето и доставените извештаи од Институтот за јавно здравје на Дубровско-неретванската жупанија за дополнително испитување на таа плажа.

По анализата, на приодот кон плажата беше официјално објавено дека капењето е забрането.

Ова е веќе трета плажа во Дубровник, која е затворена во оваа туристичка сезона поради загадување со фекални води.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.