Здружението на угостители на Србија објави водич со низа сигурносни мерки кои ќе им помогнат на сопствениците на кафулињата и рестораните кога повторно ќе се отворат, а меѓу нив е и забраната за користење на мобилните телефони и одењето на пауза за пушење.
Пред враќање на редовните активности потребно е детално чистење и дезинфекција на просториите. Покрај тоа се предлага и модификација на гастрономската понуда и дневниот распоред на послужување. Локалот треба да има редовни доставувачи со заштитни маски, ракавици, дезинфикациони средства, како и параван меѓу масите кои веројатно ќе се поставуваат заради заштита- се наведува меѓу останатото во водичот за угостители.
Исто така во документот се наведува дека за плаќање на сметката ќе се користи само картичка, не и готовина.
Персоналот на работа ќе мора да носи работна униформа и обувки. Униформата мора да биде чиста, постојано да мијат раце и да користат маски. Забрането е во работна облека да излегуваат на пауза за цигара, а не се дозволува ниту користење на мобилни телефони, заради можно пренесување на зараза – пишува во водичот.
Исто така после примање на нарачката, а пред послужување на гостите, лименките и чашите со пијалок мора да се дезинфицираат.
И масите мора да бидат раздалечени 1, 5 метар.
Во рестораните со брза храна ќе биде задолжително вградување на пластични паравани на масите, како би се одвоиле гостите. Кога е во прашање служењето на шведска маса, задолжително е храната да биде заштитена, а приборот за јадење на гостите треба да им го дава персоналот – само се некои од мерките кои ги препишало Здружението на угостители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.