Забраната на движење доколку не се носи заштитна маска е спротивна на Уставот. Таа забрана ги ограничува основните права и слободи на човекот, одлучија Уставните судии на Босна и херцеговина.
Уставниот суд на БиХ одржа седница по електронски пат на која е донесена одлука дека мерката ограничено движење и носење маски за време на пандемија на корона вирус претставува кршење на основните човекови права.
Во конкретниов случај, станува збор за кршење на правото на приватен живот и слободата на движење, кои се сторени со наредби на тесни сегменти на извршната власт за задолжително носење заштитни маски и ограничување на движењето, кризни штабови на министерствата за здравство – соопштија од Уставниот суд.
Исто така, се наведува дека одлуката на Кризниот штаб на Министерствата за здравство на ФБиХ претставува кршење на овие човекови права, имајќи предвид дека „немало активно учество во усвојувањето и прегледувањето на нарачаните мерки од највисоките законодавни и извршни органи“.
Мерката за забрана за движење од 23 до 5 часот беше воведена на 10 ноември поради зголемувањето на бројот на новозаразени со корона вирусот, а потоа следуваа мерки за задолжително носење маски во затворено и надвор.
По усвојувањето на мерките, адвокати од Сараево поднесоа жалба до Уставниот суд на БиХ и побараа да ги преиспитаат донесените мерки, како и да ја откажат мерката на Кризниот штаб на Сојузното Министерство за здравство до конечната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.