Вака ќе изгледа седењето во кафич и ресторан во Србија откако повторно ќе започнат со работа. Здружението на угостители објави водич со низа заштитни мерки кои ќе им помогнат на сопственците на кафулиња и ресторани кога повторнo ќе отворат. Мерките вклучувaaт и забрана за мобилни телефони и пауза за пушење цигари.
Пред да се отворат вратите, потребни е темелно чистење и дезинфекција на просториите. Покрај тоа, се предлага да се измени гастрономската понуда и дневниот распоред за сервирање. Локалот ќе треба да има редовни снабдувачи на заштитни маски, нараквици, средства за дезинфекција и паравани за маси кои веројатно ќе бидат инсталирани заради заштита, стои во Водичот за угостители.
Во однос на плаќањето, ќе се користат само картички.
Персоналот ќе мора да носи работна облека и чевли на работа, постојатно да мијат раце, да носат маски, а униформата мора да биде чиста. Забрането е излегување на пауза за цигара во униформа и не е дозволено користење на мобилни телефони за време на работното време заради можно пренесување – пишува во водичот.
Исто така, по приемот на нарачката и пред да се послужат гостите, лименките и шишињата ќе мора да се дезинфицираат, а столовите да бидат на растојание од 1 и пол метар.
Рестораните за брза храна ќе треба да инсталираат пластични паравани на масите за одделување на гостите. Кога станува збор за шведските маси, храната задолжително треба да биде заштитена, а приборот за јадење го обезбедува персоналот – се само дел од мерките пропишани од Здружението на угостители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.