Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата Македонија и Албанија,
Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.
Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Македонија и Албанија истекува на 31 август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.