Граѓаните на Петриње кои беа сериозно погодени од силниот земјотрес во кој ги загубија домовите се сместени во многу лоши услови сведочи видео објавено на апликацијата Тикток.

На видеото се гледа како луѓето, кои се сместени во село во близина на Петриње живеат во шатори, спијат во многу лоши услови и немаат доволно греење.

Еве да видите како живеат луѓето, а државата тврди дека им обезбедила се. Имаат една греалка, ова мора да се смени – вели еден човек на видеото.

@bitangeiprincezeeEvo da vidite kako ljudi zive u selu pokraj petrinje, kaj su izgubili kucu u potresu.♬ original sound – Dnevna doza bitanga i brinceza

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер во Петриње и Сисак и нивната околина беа уништени околу 9000 објекти, а проценките се дека е направена штета од околу четири милиони евра. Животот го загубија седум лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.