За време на контролите на грчката крајбрежна служба во петокот и за време на викендот, поради недостиг на неопходните документи на околу 2.500 лица не им било дозволено од атинското пристаниште да се качат на брод и да стигнат на нивната дестинација на некој од островите.
Говорејќи за грчките медиуми, ваквата информација ја соопштија министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис и портпаролот на крајбрежната служба Николаос Кокалас.
За контролите и проверката на документите, надлежна е крајбрежната служба, а за патување со траект на островите, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен ПЦР или рапид тест.
Заменик-министерот за поморство на Грција, Константинос Кацафадос, за првата програма на грчкото државно радио рече дека половина од патниците биле вакцинирани.
Од оние кои патуваат со брод, 50 отсто, Грци и странци, се вакцинирани. За останатите се вршат проверки од крајбрежната служба за тоа дали ги имаат неопходните здравствени документи со кои можат да патуваат и да нема проблем со ширењето на вирусот на нивната дестинација – објасни Кацафадос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.