Oд први септември во Грција почнуваат да важат нови мерки. Еве кои се тие.
-Невакцинираните патници постари од 12 години ќе мора да имаат брз лабораториски тест не постар од 48 часа пред патувањето.
– Од 13 септември само оние кои се вакцинирани и оние кои имаат симптоми на Ковид-19 ќе можат да прават бесплатни тестови во јавни установи.
– Во затворени места за забави, кафулиња, ресторани, ќе можат да влезат само оние кои се вакцинирани и имаат потврда дека прележале коронавирус.
– Театрите, кината, музеите: во нив можат да влезат и невакцинираните со брз тест не постар од 48 часа.
– Затворени теретани: ќе можат да ги користат вакцинираните лица, оние кои прележале Ковид-19 и невакцинираните со негативен брз тест не постар од 48 часа.
– Во затворени работни простори работодавецот по закон има право да знае дали вработените се вакцинирани.
– Ќе се користат маски во сите затворени и отворени простории каде има собир на луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.