Грчките граници ќе останат затворени за труистите од Србија и после 15 јули, дознава српски „Блиц“. Поради зголемениот број на новозаразени во Србија на почетокот на јули Грција донесе одлука да не ги пушта српските граѓани на единствениот отворен компнен премин, бугарско-грчката граница, а стопирани се и летовите од Белград.

Иако оваа одлука официјално е на сила до среда, кога Грците најавија анализа на ситуацијата, но според информациите на „Блиц“, рампата ќе остане спуштена најмалку до 1 август.

На овие тврдења во прилог му одат и сè повисоките бројки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.