Околу 19 часот по локално време, доколку нема пролонгирање и доцнење поради обраќањата на пратениците, се очекува да се одржи гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.

Кратко, по 10.30 часот утринава, почна расправата на пленарната седница, што е во тек, за нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Македонија“.

Гласањето, исто како и за ратификацијата на Договорот од Преспа, ќе биде со прозивање на сите 300-те пратеници кои ќе треба да кажат дали гласаат „за“, „против“ и „воздржано“ за конкретниот нацрт закон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.