Ние ја зачувуваме позицијата на Бугарија во однос на барањата кон Македонија, но ја надградуваме. Ова го рече новиот бугарски премиер Кирил Петков во првото интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Со нашите коалициски партнери јасно запишавме во коалицискиот договор што треба да се очекува од нас во поглед на проблемот што го имаме со Македонија. Ние ја зачувуваме позицијата во однос на барањата кон Македонија, но ја надградуваме. И тоа е новитет. Надградувањето треба да се случи преку заеднички групи што ќе работат секој месец, најмалку еднаш месечно, и во нив треба да зборуваме за заедничка инфраструктура, заедничка култура и за заеднички економски чеори. Да се фокусираме на добрососедството, односно на тоа што и двете страни можат да го добијат како добри соседи едни кон други – истакна Петков.

На новинарско прашање кога ќе се сретне со македонскиот премиер, Петков одговори – во најкус рок!

Во најкус рок ќе се сретнам со македонскиот премиер и тоа ќе биде мојот приоритет бидејќи не сакаме да губиме време. Многу време изгубивме во изминатите години. Сепак, кога станува збор за проблематичните прашања, ние ќе се држиме до нашата позиција апсолутно на ист начин како и претходно. Едноставно, треба да го прошириме опфатот на комуникацијата – рече Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.