Како што во Србија почна со ублажување на мерките за сузбивање на короната, бидејќи вирусот постепено се гаси, прашање кое ги интересира сите е колку уште на сила ќе биде полицискиот час.

Ако ме прашувате за мое лично мислење, јас мислам дека е логично забраната за движење да трае уште 2 недели – вели епидемиологот Предраг Кон.

Сепак тој додава дека се ќе зависи од резултатите кои ќе пристигаат.

Ми се чини дека единствено логично решение е, не значи дека сум во право, но ќе се расправа за тоа. Најважно е да се спречат контактите, а изгледа дека тоа е најлесно преку полициски час. Ние се уште имаме остри мерки, но важно е да се почне со попуштање. Треба брзо да се вратиме во живот, кој е колку толку нормален. Од недела во недела ќе отвараме она што ќе биде во склад со резултатите од тестирањето – вели Кон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.