Во Црна Гора од 2016 година се евидентирани вкупно 86 милиони киловат часови (kWh) неовластено користена електрична енергија во вредност од 8,7 милиони евра.

Црногорскиот систем за дистрибуција на електрична енергија (ЦЕДИС) информира дека од вкупната сума, ЦЕДИС успеал да собере околу 70 проценти или шест милиони евра.

Од почетокот на тековната година до 30 јуни беа пресметани 8.597.316 kWh врз основа на неовластено користена електрична енергија или околу еден милион и 50 илјади евра, од кои беа собрани околу 71 процент – прецизираат од ЦЕДИС.

Неовластеното користење електрична енергија во Црна Гора се третира како кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.