Општинскиот суд во Вараждин објавил неправосилна пресуда со која на тужениот Град Вараждин му наложува да и исплати на тужителката Ш.К. повеќе од 80.000 куни (околу 11.000 евра), објавија локалните медиуми, а пренесе „Индекс хр.“

Се наведува дека Ш.К. поднела тужба против градот Вараждин откако на 28 јануари во 2014 година при преминувањето на пешачки премин паднала на ледот кој бил преку целата површина на пешачката патека.

При падот таа добила неколку скршеци. Ш.К. пред судот изјавила дека смета оти ледот формиран поради снегот кој паѓал три дена бил причина за падот.

Локалните медиуми наведуваат дека Ш.К. при падот на ледот ја скршила десната потколеница  и ги исчашила зглобот на ногата, рачниот зглоб и шаката.

Истиот дена таа била оперирана во болница, а во 2014 морала да замине уште на две операции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.