Грешен ковчег за малку ќе завршеше во гробот наменет за Веселин Драгомиров (41), кој во вторникот го загуби животот поради компликации од ковид-19 во болницата во Перник, Бугарија, пренесува БТВ.
Поради антиепидемиолошките мерки, на роднините не им било дозволено да го идентификуваат телото, а погребот бил закажан неколку дена подоцна.
Во моментот кога почнав да го прегрнувам ковчегот, некој го тргна од под мене и ми рече дека е направена грешка. Само слушнав: „Не го спушајте ковчегот, направена е грешка”, вели Лилјана Васева, мајката на Веселин, која додава дека било среќа што попот доцнел, инаку ќе погребале погрешен човек.
Од погребалната служба објасниле дека од болницата добиле повик дека е настаната конфузија поради одлепено ливче од ковчегот.
Долу, кога има 10-15 мртви луѓе со напишани имиња, нормално е да падне лепенката од една и да се залепи на друга мртва личност, објаснил Јулијан Кирилов, менаџер на погребната агенција.
Болницата веќе го истражува случајот.
Им се извинувам на роднините за инцидентот. Но, ние сè уште сме во голема криза и луѓето се збунети, рекол д-р Анатоли Митов, извршен директор на болницата.
Семејството ќе бара надомест на штета на суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.