Во 2016 и во 2017 година, бројката на отселеници Македонци во Германија се зголемил за 28.4 %, објави денеска Министерството за внатрешни работи на Германија.

Но, се селат и другите народи од Балканот. За две години, во 2016 и 2017 година од Хрватска во Германија се преселиле 110.526 Хрвати или колку цел хрватски град Осиек. Ова го покажуваат податоците на германската Сојузна канцеларија за миграција, кои ги објави тамошното Министерство за внатрешни работи, пренесе Дневник.хр.

Во 2016 година во Германија отишле 57.476 Хрвати, додека следната година тој број бил нешто помал број (53.050).

Од Србија во 2016 и 2017 година се доселиле 51.143 лица, а се иселиле 52.575. Гледано по години, во 2016 година од Србија во Германија се доселиле 24.616 државјани, а во 2017 година се доселиле 26.527.

Во 2016 година во Германија се доселиле и 24.010 државјани на БиХ, а во 2017 година 26.112 босански државјани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.