Од почетокот на примената на алетернативата кривична санкција-домашен притвор во Црна Гора, од 2017 година, веќе 266 лица издржале ваква казна во своите домови, а во моментов уште 62 осудени лица чекаат да ја отслужат казната во своите места на живеење, наведуваат „Дневне новине“.

Црногорското Министерство за правда информира дека во пет случаи дошло до оштетување на трансмитерот, односно на „електронскиот ремен за следење на движењето на осудениот“ и во сите случаи ременот бил скинат, па на тој начин било оневозможено натамошно негово следење, а тие потоа биле упатени на издржување на казната во затвор, пишуваат „Дневне новине“.

Во Црна Гора постојат 87 уреди за електронско следење и исто толку трансмитери – таканаречени „ремени за нозе“, но бидејќи постојано расте бројот на пресуди во кои се изрекува таква казна, ќе се набават дополнителни уреди.

Лицата кои издржуваат ваков вид казна најчесто се сторители на кривични дела кражба, недавање алиментација, насилничко однесување, лесни телесни повреди, загрозување на јавниот сообраќај, недозволено држање оружје, загрозување на безбедноста и тешки телесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.