ЦИА ја објави новата листа на непожелни личности од Србија. За неколкумина политичари бизнисмени, но и луѓе од естрадата им забранет влезот во САД. Покрај Ратко Младиќ и Радован Караџиќ и нивните семејства, забрана имаат и бизнисменот Мишковиќ, како и Милорад Додик.
Но, забрана за влегување и работа во САД имаат и неколкумина пејачи. Прва на листата е Цеца, која никако да излезе од оваа листа.Таа е непожелна личност најмногу поради бракот со Аркан и неговите сомнителни паравоени активности. Но, на листата се наоѓа и фокерот Аца Лукас. Тој е на листата најмногу поради неговите врски со Земунскиот клан, кој беше обвинет дека стои за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.