Министерот за правда на Република Бугарија Јанаки Стоилов во интервју за МИА вели дека привремената Влада има цел и да ги разоткрие оние модели со кои се спроведува корупцијата, од кои, според него, дел се законски, но се крајно нецелисходни.
Според Стоилов, со направените измени во законодавството се намалуваат можностите преку Агенцијата за Бугари во странство и разни организации да се фаворизираат одредени групи, да се влијае во корист на некои партии или пак да се издадат лажни сертификати за бугарско потекло.
Ќе се прави ли ревизија на некои издадени државјанства?
Стоилов: Тоа не е наша задача. Има определени правила за оспорување на веќе издадените решенија, но можеби знаете дека веќе беа направени измени во законодавството за време на Парламентот, со што се намалуваат можностите преку Агенцијата за Бугари во странство и разни организации да се фаворизираат одредени групи, да се влијае на тој начин во корист на некои партии или пак да се издадат лажни сертификати за бугарско потекло. Ние сакаме да опфатиме повеќе наши сонародници, но не со заобиколување на законот, туку со неговата стрикна примена.
Кои обврски кон државата ги имаат лицата кои ќе добијат бугарско државјанство?
Стоилов: Тие треба да имаат бугарско потекло и како во повеќето земји, тоа потекло може да се следи, да речеме, до три генерации во минатото. Тоа треба да биде по дирекна линија. Доколку се применат такви критериуми, мислам дека пропустите ќе бидат драстично намалени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.