Градот Загреб и Истарската жупанија се единствените области во Хрватска во кои во изминатата деценија е зголемен бројот на жители, додека сите други жупании изгубиле повеќе од 200.000 жители.
Како што наведува „Вечерњи лист“, таа бројка значи дека Хрватска за десет години изгубила население од град со големина на Сплит или цела Истарска жупанија.
Истра има благ пораст од 1.000 жители, додека Градот Загреб го зголемил своето население за околу 17.000 и сега има 807.000 жители, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС).
ЦБС проценува дека Загреб ја надминал бројката од 800.000 жители во 2016 година и од тогаш бавно расте благодарение на фактот дека тој е најсилниот економски центар во државата.
Сисачко-мославачката жупанија изгубила 27.000 жители, Осиечко-барањската – 33.000, Приморско-горанската – 12.000, и близу до нула – со дефицит од околу 900 луѓе, е единствено туристички просперитетната Дубровничко-неретванската жупанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.