Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин вели дека истрагата ќе утврди за што се подготвувала екипата на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, но дека е јасно дека подготвувале низа убиства и е убеден дека обвинението ќе биде толку силно што Веља Невоља и неговата група никогаш нема да бидат ослободени.

Јас сум многу задоволен од резултатите од истрагата, докажано е сè од обвинението, но поважно од моето задоволство е тоа што Обвинителот Ненадиќ е задоволен од квалитетот и квантитетот на доказите. Никогаш повеќе нема да го видат сонцето освен низ решетките. И тоа е фер – рече Вулин.

Вулин вели дека е неизбежно да има прегрупирање во подземјето и друга криминална група да го заземе местото на разбиениот клан.

Но, знаеме кој се подготввуа и никогаш нема да дозволиме да се формира толкава група како кланот на Беливук, рече Вулин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.