Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин оценува дека кога премиерот на Албанија и „претседателот на Косово го поддржуваат Мило Вукановиќ и ДПС на парламентарните избори во Црна Гора, тогаш не е тајна дека ги цртаат границите на „Голема Албанија“ и дека се сметаат за господари на Црна Гора“, пренесува Н1.
Секоја поддршка мора да се заслужи, а во очите на Рама и Тачи нема поголеми заслуги од омразата кон Србите и Србија, наведе Вулин, пренесува Министерството за одбрана.
Со парола „Поздрав од Тирана, драги пријатели“, напишана на српски јазик и парола на црногорската Демократска партија на социјалистите „Одлучно за Црна Гора“, која ја повтори неколку пати, премиерот на Албанија Еди Рама преку видео порака ја поддржа партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ пред парламентарните избори во недела 30-ти август.
Претходно и претседателот на Косово, Хашим Тачи ги повика Албанците кои живеат во Црна Гора да гласаат на неделните избори за зајакнување на „евроатлантската ориентација на пријателската држава Црна Гора“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.