Коментирајќи го најновиот извештај на Стејт департментот, министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави дека „американската влада може да критикува, но треба да знае дека нејзината критика вреди колку и нејзината подготвеност да го примени врз себе она што го бара од другите“.
Земја во која Сенатот се брани и по цена на животот на демонстрантите, не треба да бара од српската полиција да не го брани своето Собрание. Влада на земја во која расните конфликти се масовни и случајните злосторства од омраза се секојдневие, не треба со толку леснотија да ја обвинува Србија за злосторства од омраза – вели Вулин.
Вулин истакна дека „Србија е слободна земја и ја води слободен човек“.
Моќни сте и големи, можете да нè клеветите и да нè уништите, можете да го соборите Вучиќ и да донесете некоја слаба личност која ќе воведе санкции кон Русија и Кина, ќе го признае Косово, ќе ја напушти Република Српска, можете со сила да ни донесете власт, но не можете да не принудите и да ја избереме таа власт. Ние не сме сила, но не сме ниту лицемери – вели српскиот министер на полицијата.
Во заклучоците од извештајот на американскиот Стејт департмент, Србија и Црна Гора се наведени како земји кои во 2020 година се обележани со значителни предизвици во областа на човековите права.
Во делот од документот за Србија, кој опфаќа утврдување на состојбата во значителен број области, нотирани се сериозни ограничувања на слободата на изразување, вклучително и насилство, закани за насилство и неоправдани апсења и гонења на новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.