Српскиот министер за внатрешни работи и претседател на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, изјави дека за Србија е подобро да се откаже од патот кон ЕУ доколку приближувањето кон Унијата значи „откажување од своите пријатели и лекување на хрватските фрустрации“.
Коментирајќи ја изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека Србија треба да одлучи „дали е за ЕУ или за Москва“, Вулин одговори дека Хрватска се обидувала да ја услови Србија со исчезнатите, признавање на геноцид и со различни извинувања, а сега го правоит тоа со уцена за откажување од пријателите.
Доколку нашиот пат кон ЕУ почне со лекување на хрватските фрустрации, продолжи со откажување од нашите пријатели и заврши со напуштање на самите себе, тогаш подобро е да не одиме во ЕУ. Доколку нашиот пат кон ЕУ води преку понижување со лаги за Сребреница и тишина пред вистината за Јасеновац, тогаш е фер Србија да оди по својот српски пат – изјави Вулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.