Полицијата изврши претрес во куќата на Даниел Безук, момчето кое рани полицаец со неколку куршуми утрово на плоштадот Свети Марко во Загреб пред влезот на владината зграда. Потоа тој изврши самоубиство.

Семејната куќа во селото Клетиште кај Кутина, каде живеел Безук со неговите родители, беше опколена од полицијата, а пред куќата имаше полициски возила, пренесува Индекс.хр.

При претресот на куќата биле присутни родителите на напаѓачот и неговиот брат.

Се претпоставува дека младиот човек дошол до оружје преку неговиот татко, воен ветеран. Според досега објавените информации, станува збор за автоматска пушка, но за тоа сè уште нема официјална потврда.

Директорот на полицијата потврди дека е пронајдено оружје, како и дека полицијата се наоѓа во семејната куќа на напаѓачот, каде што сакаат да го пронајдат потеклото на оружјето и да соберат други докази или информации за мотивот.

Вујкото на напаѓачот, Мате Безук, кој живее во една од соседните куќи, рече дека неговиот внук „не бил агресивен или расипан, а ѓаволот знае што му паднало на ум“.

Тој исто така опиша како дознал за нападот.

Еден колега ми испрати порака и ми напиша:„ „Вашиот внук пукаше во полицијата и наводно си го одзел животот. Реков дека не знам ништо за тоа, имав слушнато за веста дека нешто се случило во Загреб и немав идеја дека отишол во Загреб, рече чичкото на Безук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.