За време на денешната посета на Србија, претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски посочи дека влегувањето во ЕУ ќе биде долг процес.

Залагањето на Макрон е да се усвои нова методологија за членство во јануари 2020-та година, а не подоцна од март, но не ми даде гаранции за отворање на преговорите. Новата методологија децидно кажува дека не се предвидува никаква замена на членството со некоја алтернатива за земјите од Западен Балкан. Тоа беше главната тема на разговорите со Макрон – рече Пендаровски.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека сите на Балканот чекаат да станат членки на ЕУ.

Ме прашувате дали се во Брисел сигурни дека знаат што ќе прават со себеси или со нас, јас ќе ви кажам дека тие не се сигурни што сакаат со нас. Јас тоа на Зоран (Заев) му го кажав кога бевме во Нови Сад. Заев ме гледаше како да сум „шлакнат“ кога му кажав дека нема да му отворат преговори и бев во право – рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.