Претседателот на Србија Александар Вучиќ даде интервју за американската мрежа Си-ен-ен во која зборува за процесот на вакцинација против коронавирусот во Србија.
„За нас вакцинацијата не беше геополитичко прашање, за нас тоа беше прашање за спасување човечки животи. Ние се подготвивме на најдобриот начин. Многу вложивме во дигитализацијата на Србија. Гледате и денес на Белградскиот саем колку е вакцинацијата добро организирана. Тоа значи дека нашите софтвери се меѓу најдобрите во светот и јас сум длабоко горд поради тоа што сме успешни во тоа. Што се однесува до набавката на вакцините, ги набавивме од сите делови на светот. Сега можете во Србија да добиете американска, британска, руска и кинеска вакцина. Можете да бирате вакцина“, изјави српскиот претседател
.
Вучиќ истакна дека сите вакцини добиле одобрение од надлежните агенции.
„Нашата работа беше да добиеме што повеќе вакцини. Нашите агенции мораа да одобрат за тие вакцини и тие тоа го направија и почнавме со вакцинацијата. Многу сум горд и мислам дека тоа е добро и за регионот. Луѓето почнаа да доаѓаат во Србија не само од Западниот Балкан. Нам тоа не ни пречи. Мислиме дека секој треба да прими две дози вакцина и да биде спасен. Невозможно е Србија да се одвои од регионот“, кажа Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.