Вонредната состојба во Србија најверојатно ќе биде укината на Ѓурѓовден, на 6 мај, објави вечерва претседателот Александар Вучиќ. Обраќајќи се на ТВ Пинк, Вучиќ рече дека потпишаниот предлог на претседателот и премиерката ќе оди в среда на Собрание и дека се очекува конечно вонредната сосотјба да биде укината в четврток.

Тоа би значело дека од четврток нема да имаме полициски час. Секако дека на луѓето им е тешко да бидат дома, но тоа беше единствениот начин да ги зачуваме нашите родители, да ги зачуваме младите луѓе и мислам дека во најголем дел успеавме, додаде претседателот на Србија.

Претседателот претходно образложи дека на државата ѝ било многу важно мислењето на струката кога е во прашање епидемијата од корона вирусот.

Ние се определивме за заштита на животот. Замислете да го направевме она што го направи Шведска, која има повеќе од 3.000 мртви. Не го намалувавме бројот на мртвите, не го намалувавме бројот на тестовите, додаде тој.

Тој рече дека сега многу помасовно се тестира за да се откријат поголем број пациенти со полесни симптоми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.