Очекувам на претстојната средба со Емануел Макрон во Париз, да добијам поддршка за проектот „мал Шенген“, но и да слушнам за новата методологија која ја предлага францускиот претседател, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ утрово на РТС од Охрид, прашан за средбата во вторник со Макрон.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ изјави дека не би ги потценувал идеите на Макрон и нема да ги омаловажува како што тоа го прават другите.

Сакам да разговарам и за оваа иницијатива. Ќе барам од него и ќе го молам за поддршка, бидејќи ако ја добиеме, ќе создадеме потполно нови услови и тоа би можело да ни биде еден од изворите за забрзан раст во наредните години. Ако ја добиеме таа врста на поддршка, нема да биде лесно сето ова да се сруши. Можеби никогаш не сме имале поважни разговори со Макрон, заклучи Вучиќ.

Тој истакна дека им е благодарен на Американците што го поддржуваат овој проект и дека се надева дека ќе добие поддршка и од Макрон, бидејќи без тоа, ќе биде тешко да се добие поддршката од Европа.

Вучиќ истакна дека е подеднакво важно од францускиот претседател да слушне и за новата методологија, односно за идејата во поглед на Европската унија и политиката за проширување.

Тој потсети дека со францускиот претседател разговарал отворено „цели седум часа“ за време на посетата на Макрон на Белград.

Тој има извонредна енергија и ако може да се реализира дел од она за што зборуваше, мислам дека тоа би било добра вест за Србија. Сакам да слушнам лично од него што мисли и тогаш можеме да направиме некои планови за иднината.

Во изјавата за ТВ Пинк, Вучиќ рече дека ќе има заедничка вечера со Макрон и со другите учесници на Мировната конференција, но дека му е особено благодарен што ќе има и тет-а-тет состанок.

Денес, цела Европа зборува за Макрон и за тоа што се изнесол и тргна општа потера во која Србија нема да учествува, не само затоа што Макрон покажа пријателство кон Србија, рече Вучиќ.

Тој потсети дека Макрон за време на посетата одржа емотивен говор во Белград, порачувајќи дека сака да им даде поддршка и помош на Србите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.