Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска во 15 часот ќе ѝ се обрати на нацијата. Обраќањето ќе биде во зградата на генералниот секретаријат.

Претседателoт на Србија и во вторникот се обрати до јавноста на прес-конференција на која најави дека во Белград повторно ќе биде воведен полициски час од петок до понеделник. Потоа граѓаните почнаа да се собираат пред Собранието и она што започна како мирен протест наскоро прерасна во насилство и судири со полицијата.

Директорот на полицијата денеска изјави дека по половина час станало јасно во кој правец ќе се развива ситуацијата, кога група хулигани го блокирала преминот на Итната медицинска помош.

Немам друг збор освен – хулигани“, рече Владимир Ребиќ и истакна дека припадниците на полицијата до крајот се воздржувале да не применат сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.