Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод денешниот ден 29 ноември кој се сметаше за роденден на СФРЈ изјави дека верува оти надворешниот фактор бил клучот за уништување на Југославија

Вучиќ рече дека е важно да се слушаме и кога размислуваме поинаку.

-Кога го почнавме дијалогот сите имаа можност, како што и денес имаат можност да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но верувам дека надворешен фактор беше клучен за уништувањето на Југославија.  Неодговорно е се да се префрла на Милошевиќ – рече претседателот во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.