Србија нема да се меша политички во изборниот циклус во Црна Гора на кој било начин, но ние секогаш ќе го поддржуваме нашиот народ, изјави денес претседателот Александар Вучиќ, по средбата со претседателот на Република Српска (БиХ) Милорад Додик.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ изјави дека изборите во недела во Црна Гора се важни за српскиот народ, но дека за Србија е најважен пописот кој ќе биде во Црна Гора во 2021 година.
Тој додаде дека со Додик разговарале за севкупниот интерес на српскиот народ, каде и да живеат Србите и додаде дека значаен дел живее и во Црна Гора.
Ние сакаме да не се изгуби идентитетот на српскиот народ, да се зачува истиот и со ништо да не се загрозат правата на црногорската држава, чувајќи го единството кое го имаме со нашиот народ и во република Српска и во Црна Гора – изјави Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.