Србија не ги доби туку ги плати вакцините на „Фајзер“, бидејќи ако не платевме немаше да имаме, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека вакцините преку системот Ковакс најверојатно нема да стигнат во јануари.
Како тоа српските граѓани да гледаат како нивните соседи во Хрватска, Бугарија и Романија да се вакцинираат, а тие не?, праша Вучиќ во интервју за ТВ Хепи, пренесе Н1.
Вучиќ најави дека наскоро ќе пристигнат и дози од руската вакцина „Спутник“, но во помали количини, а контктирал и со кинескиот претседател за нивната вакцина, како и со „Астра Зенека“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.