Претседателот на Србија денеска рече дека Белград и Приштина „се светлосни милји, години“ далеку од договор, но дека „треба да се инсистира на преговори“.

Од албанските претставници постојано се слуша дека тие се за договор и дека договорот е блиску, иако тој е светлосни милји, години далеку, само за да ја обвинат Србија дека е виновна за неговото непостигнување, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања од граѓаните на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој рече дека поради тоа Белград мора да инсистира на укинување на таксите, на дијалог и на „обид да се направи компромис“.

Во секој момент знаеме што е нашата работа, кои се нашите задачи и со колкава одлучност мораме да ги штитиме нашите национални и државни интереси, рече Вучиќ.

Тој им се заблагодари на Србите во Косово и Метохија „што ги чуваат своите домови и се грижат не само за својата, туку и за иднината на својата земја“ и вети дека таа ќе продолжи да им помага со „уште повеќе напор и енергија“ од досега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.