Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека ќе ги послуша предлозите на Кризниот штаб за тоа што треба да се направи во врска со епидемијата на корона вирусот.

Сепак, Вучиќ истакна дека тој бил за полициски час, а не за половични решенија.

Бев за полициски час, а тоа затворање од шест до шест, тоа се половични решенија, кои нанесуваат поголема штета на економијата, а корист нема да донесат. Сепак, ќе ги почитуваме – одговри Вучиќ на прашањето дали кризниот штаб би предложил некои нови мерки.

Во обраќањето до јавноста во врска со моменталната епидемиолошка состојба Вучиќ изјави и дека е почната потрага по вакцини. Тој соопшти дека досега Србија обезбедила 1,8 милиони дози вакцини, кои најверојатно ќе бидат од американскиот производител „Фајзер“.

Најважно е здравјето на населението. Заедно со Владата, тргнавме во потрага по вакцини, да обезбедиме вакцини на најлесен начин, за прво да ги намалиме, а потоа да ги запреме катастрофалните ефекти што ги има короната – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател објасни кои групи се приоритетни за примање на вакцината.

До крајот на јануари ќе се обидеме да обезбедиме доволно вакцини за здравствениот систем, армијата и полицијата кои се најпогодени. Веднаш по нив ќе бидат оние кои се веќе болни, како и постарите лица. На крајот, средовечните и младите. Многу важна порака е дека првите вакцини ќе ги имаме пред крајот на декември – нагласи Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.