Претседателот на Србија Александар Вучиќ им порача на косовските власти дека треба да ги почитуваат договорите што ги потпишуваат. И дека, ако се пријават за членство во меѓународните организации, ги чекаат големи изненадувања.
На најавата на политичарите од Приштина дека ќе поднесат барање за зачленување во меѓународните организации, Вучиќ кажа:
„Тие немаат појма, не ги читаат договорите кои ги потпишуваат. Не смеат да се пријават за членство во меѓународните организации. Ако се пријават, ќе ги чекаат бројни изненадувања“, истакна тој.
Вучиќ кажа дека со таа порака не им се обраќа на политичарите во Приштина, туку на нивните ментори, „оние кои им ја правеа таканаречената држава“.
„Ако не се држите до договорите, јас ве информирам – ќе се соочите со бројни изненадувања, позитивни за српскиот народ, но не и за вас“, кажа српскиот претседател не навлегувајќи во детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.