Српскиот претседател Александар Вучиќ го коментираше бојкотот на доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на австрискиот книжевник Петер Хандке.

Тој на македонската Влада ѝ порача да си га гледа својата работа, но имаше порака и за Србите во Македонија.

Нека си ја гледаат својата работа, но со бојкотот им покажаа на Србите во Македонија како и за кого да се определат и за кого треба да гласаат. Мислам дека нивниот проблем (на Владата во Македонија) е многу поголем отколку нашиот, порача Вучиќ.

Тој изјави дека Хандке не е великан само на германското говорно подрачје, туку и за Србија.

Му ја честиташе Нобеловата награда и му забалгодари за сè што направил во претходниот период.

Хандке многу патеше и тешко го преживеа сето ова само затоа што веруваше во вистината и во мирот и што не наседнуваше на триковите и провокациите од НАТО земјите, изјави Вучиќ.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пред доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на Твитер напиша дека Македонија не ја поддржува и ја бојкотираа оваа одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.