Авионот со медицинска опрема, кој Обединетите Арапски Емирати го испратија како донација за Србија, слета во Белград денес околу 13.30 часот.

Претседателот Александар Вучиќ го пречека авионот на воениот аеродром Батајница.

Авионот содржи, меѓу другото, 55 респиратори, магнетна резонанца, КТ скенер, мобилен рендген, четири ЕКГ уреди, 100 кревети за интензивна нега и 200 пумпи за инфузија.

Претседателот на Србија посочи дека тие испратиле „сè што постои“ од Емиратите.

Опрема и помош што многу ни значи. Само една магнетна резонанца тежи 14,5 тони, замислете колку чини сето тоа во овој авион – додаде Вучиќ.

Вучиќ рече дека тоа е помошта што не ја чини Србија динар, па дури и превозот го организирал големиот пријател на Србија од Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед.

“Ова не го заслуживме освен пријателството што го имаме со него. Ова е доволно за опремата за една болница во ковид центар”, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.