Поглавбарот  на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, ќе биде погребан денес во криптата во Храмот Свети Сава во Белград, каде во девет часот започна литургијата предводена од митрополитот Дабробосански , Хризостом.

На поворката во најголемата црква на Српската православна црква присуствуваат државниот врв на Србија, лидерите на Република Српска, претставници на верски заедници и деноминации, а пред црквата се собраа многу верници и обожаватели на патријархот Иринеј.

По опелото што започнува во 11 часот и говорот на епископот Бачки, Иринеј, е објавено дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик ќе се збогуваат со патријархот.

Српскиот патријарх Иринеј, 45-от поглавар на Српската православна црква, почина како резултат на инфекција со коронавирус во петокот наутро во Воено-медицинскиот центар во Белград.

На 1 ноември, патријархот Иринеј ја водеше литургијата со епископите на Српската православна црква во Подгорица на погребот на митрополитот на Црна Гора Амфилохије, кој почина од ковид-19, а четири дена подоцна беше примен на лекување од инфекција со коронавирус.

Српската влада прогласи тридневна жалост во петокот, а верниците му оддадоа почит на поглаварот на српската црква во процесија вчера и во текот на ноќта.

Светиот архиерејски синод ги повика свештенството и верниците да се придржуваат кон мерките пропишани од државните органи заради тешката епидемиолошка состојба за време на молитвеното збогување со патријархот Иринеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.