Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм објави дека ќе земјата ќе добие уште милион вакцини до крајот на февруари и март.
Одлична вест за Србија. Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март. Да живее Србија! “, напиша Вучиќ на својот профил. Во оваа прилика, тој се извини што е „вака облечен“, бидејќи се обратил облечен во тренерка.
Зошто немав трпение да се облечам свечено и да ви се обратам? Бидејќи сум крајно возбуден, денес можам да ви кажам дека, не се повикувам на договорот, не зборувам за договорот, зборувам за вистински вакцини. Добив цврсто ветување и да живее Србија, рече Вучиќ.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.