Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе и предложи на својата Српска напредна партија (СНС), два концепта за формирање влада. Првиот е проста коалиција со една партија, а вториот концепт е еден вид концентрациона Влада, по што за година и половина ќе се оди на нови парламентарни избори.

Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека е поблизу до концептот на проста коалиција со една партија, но не сакаше да прецизира за која партија станува збор.

Јас сум поблизу до тој концепт, но уште ќе проценувам. Вториот концепт се однесува на еден вид концентрациона влада поради ситуацијата околу Косово, вториот бран на корона вирусот што се очекува на есен и потребата да се справиме со проблемите создадени од глобалната економска криза – истакна српскиот претседател.

Вучиќ порача дека за формирањето на Влада не се занимава со математика, туку со политика и дека разгледува што ќе се случи во Европа и во светот со цел да се најде најдоброто решение за Србија, најавувајќи дека наскоро ќе го објави својот предлог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.