Вучиќ кажа дека вчера резервите гас во Србија биле 650 милиони кубни метри, наместо 760 милиони кубни метри. Додаде дека гасот во минатите девет дена поскапел четири до пет пати. Претседателот на Србија изјави дека е направен договор со Бугарија и дека дополнителни количества гас ќе тргнат кон Србија.

Нас гасот денес нè спасува и благодарение на термоцентралите Панчево и Нови Сад можеме да презимиме, кажа Вучиќ.

Вучиќ му изрази благодарност на премиерот на Унгарија Виктор Орбан на помошта и истакна дека би било тешко без унгарска помош „Србија да ја преживее зимата“.

Голема чест и привилегија е да имаме такви пријатели крај себе, кажа Вучиќ.

Унгарскиот премиер Орбан кажа дека сега гасот за Унгарија доаѓа преку Србија и дека Србија е коректна како што Унгарија е коректна кон неа.

Додека Србија има гас, ќе има и Унгарија и може да биде сигурна дека додека Унгарија има гас, ќе има и Србија, кажа Орбан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.