Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна на Света Гора, што претставува прва официјална посета на еден српски претседател на манастирот Хиландар во изминатите 20 години.

„Невозможно е да се објасни што чувствувате на Света Гора и во моментите кога се приближувате до Холандар. Посебно сум благодарен на свештениците на топлиот прием и прекрасносто гостопримство“, напиша Вучиќ на официјалниот профил на Инстаграм.

Тој вечерва во два часот по полноќ ќе присуствува на Божикната литургија. Вучиќ претходно објави дека е среќен што ќе има можност да го посети Хиландар.

„Краток одмор пред доаѓањето на брод во Уранополис. Имам голема трема но сум и посебно радосен што за неколку часа ќе имам можност да го посетам духовниот центар, манастирот Хиландар на Света Гора“, објави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.