Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска пред пратениците го презентираше деталниот извештај за досегашните преговори во Брисел за решаваење на проблемот со Косово и Метохија.

На седницата присуствувала премиерката Ана Брнариќ и директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

По дебатата, пратениците ќе се изнајснат за извештајот за преговорите меѓу Белград и Приштина од 2013 до мај 2019 година.

Сите Срби би го дале животот за Косово, а ко тоа од нив сака да живее на Косово. Се што ви реков денеска, е апсолутна вистина. Ако поради нешто дојдов тука, како што отидов на Соборот на СПЦ, тоа е да ви ја кажам вистината. Точно да видиме до каде сме и што и колку можеме. Нашата прва лекција мора да биде како да се ослободиме од поразот. На Косово можевме и можеме да победиме. Мораме да учиме од загубите. Сакам да кажам уше едно сите оние кои зборуваат за сопственото јуначиштво, а тоа јуначиштво го докажале само со зборување за себе, тие никогаш не го штителе српскиот народ. Не им е срам кога тие најлошо зборуваат меѓу нас. Горд сум на ова. на сите вас кој разбираат што е вистина и дека многу борби се пред нас. Да живее Србија – беше дел од говорот на Вучиќ во српското собрание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.